Куновска: Започнува играта “Билдање рејтинг со национализам”

Екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска во потезите на власта препознава обид преку национализам владеачките партии да го подобрат својот политички рејтинг.



“Пригодните “аматерски театарски смотри“ под наслов “Билдање на рејтинзите“ преку национализми и наводни одбрани од нив, што традиционално се одржуваат во очи секои избори, без разлика дали се во организација на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ или СДСМ и ДУИ, може да почнат.
На здравје”, пишува Куновска која важи за принципиелен критичар на власта иако е пасивизиран член на СДСМ.