Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, „математички прецизно“ ја опсервира најавата од лидерот Зоран Заев на 8 март дека на изборните листи соодносот мажи-жени ќе биде 50:50.



„Среќа дека не лаже, не…

Дека жени ќе беа 50%
Па затоа во првите десет во ИЕ 1,2,3,4 и 5 има по 4 жени.
А познато е дека 50% од 10 е 4, така?
А таман си мислев дека лажгата со носителките жени заврши.
Една во сите шест ИЕ.
Тоа не знам колку % е. Мислам 70% жени, така?“, коментира Куновска на Фејсбук.