Куновска за скандалот Теута Арифи: СРАМ – Не е проблем кандидатката туку тие зад неа

Во пост со наслов ,,СРАМ”, екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска ги идентификува вистинските кривци за скандалот во кој функционерката на ДУИ Теута Арифи дури три пати е одбиена за амбасадор во САД, ЕУ и Турција.



,,Да се номинира три пати човек за амбасадор и три пати да биде одбиен од различни држави не е проблем на кандидатот туку на оној кој го кандидира.

Евидентно дека приватните интереси се над државните.

Османи постапува неодговорно, но секако тоа не е без согласност на државниот врв.
Не ве плаќаме за да ни нанесувате ваков срам”, пишува Куновска за досега невидениот дипломатски скандал во Македонија и пошироко.

За одлуката некој да биде испратен за амбасадор решаваат владата, премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски кои сега молчат за скандалот.