Куновска за медиумските платеници, мијалковистите и карикатурата од премиер

Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од фунцијата премиер на Република Македонија, порачува екс шефицата на скопската организација на СДСМ Софија Куновска.



“За нив нема повеќе место во нашите животи. Тоа може да го разберат веднаш и да заминат, посрамотени со наведната глава или можат да чекате (читај да се дозбогатат) да украдат уште некое време и да го чекаат денот кога ќе стигне казната од граѓаните.

Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски барајќи ги корените кај Хунзите и Александар Велики. Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, заради својата неспособност, сите витални системи на државата.

Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава, на меѓународна сцена, за која паметиме”, пишува Куновска.

Таа смета дека иако не заслужуваат повеќе внимание треба да се постават прашања и до новинарите поддржувачи на Заев и до таканаречените Мијалковисти кои водат бизнис со премиерот:

1.Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит?

2. Посебно сум љубопитна, дали по се ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер.