Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, не е голем оптимист во однос на ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД поради корупција.
„Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на политичките партии, јавниот обвинител и судовите.
Дури и најнадежната институција ДКСК има предмети што подолго се во фиока.
Тоа е спрегата што нè турка во жив песок.
Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент, туку редовна појава. Поради тоа денес граѓаните, пред чии очи се разграбува државата последниве две децении, со огромна скепса гледаат на т.н. црна листа која ‘ги поместува’ работите на симболично ниво“, коментира Куновска на Фејсбук.






