
Екс советничката на СДСМ во Советот на Градот Скопје, на својот фејсбук профил истакна дека се добива впечаток дека СДСМ се става на страната на екс премиерот, Никола груевски.
„Ох, што слатко…
Дали во расправата Мицковски- Груевски се добива благ впечаток дека СДСМ се става на страна на Груевски или така ми се чини?
Дали?
Хо, хо, хо…
И тоа ли ќе треба да го голтаме…
Повелете извадок од објава на СДСМ:„Изјавата на Мицкоски го потврдува она што го говоревме во изминатиот период, дека има големи несогласувања во ДПМНЕ а се што прави Мицкоски е да ја сочува својата фотелја во белата палата, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.
-Се што прави Мицкоски е за заштита на неговата фотелја во белиот дворец. И секогаш кога имаат внатрешни несогласувања некој друг им е крив. Граѓаните паметат дека слични меѓусебни обвинувања кога се фатија за рацете во медот. И тогаш пак за СДСМ се фатија. Сега повторно имаат некакви несогласувања. Постојат структури во ДПМНЕ кои што велат дека оваа изолација којашто ја протежира Мицкоски не е добра за земјата. Во ДПМНЕ стана таква пракса на поделби. Да не го мешаат СДСМ во нивните внатрепартиски несогласувања, Мицковски да не остави надвор од неа и сам да ја реши. Одвлекување на вниманието од нивните поделби, кавги и несогласувања не поминува, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски.“, напиша таа на Фејсбук.






