Куновска: Кој увезува и кој ќарува од увозот на „црвена нафта“?

Поранешната пратеничка на СДСМ смета дека многу лесно може да се открие кој увезува а кој ќарува од продажба на екстра лесно гориво (црвена нафта за домакинство) :



„Ако е точно дека се увезуваат 55 милиони литри екстра лесно гориво а реалните потреби се 5 милиони литри, злоупотребата е еднаква на 50 милиони литри.

Ако пак злоупотребата на екстра лесното гориво носи 11 денари по литар, добивката на некој што злоупотребува е 9 милиони евра годишно.

50 000 000 X 11 = 550 000 000 денари
550 000 000 : 61,5 = 8 943 089 евра

Кој увезува екстра лесно а кој го продава на домашниот пазар и во колкави количини се открива за 15 минути.
Ако се сака“, пишува Куновска на Фејсбук.

https://www.facebook.com/skunovska/posts/10158363897801812