Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, ги коментира
пораките од работилницата за стратешко планирање на раководството на Форумот на жени на СДСМ во Струмица.
„СДСМ, како партија, направи историски исчекор не само во нашата земја, туку и пошироко во Европа и светот, со што покажавме дека сме меѓу ретките партии каде родовата еднаквост ја поставуваме како врвен приоритет. Постигнатите резултати и извојуваните битки не можат да бидат крајната цел на Форумот на жени, туку само еден чекор по патот до постигнување на целосна родова еднаквост во партијата и општеството“, заклучи Форумот.
„Ноторна непримерена лага е дека СДСМ е родово избалансирана партија.
На било кое ниво да тргнете да анализирате, ќе дојдете до истиот заклучок. Особено на највисоките позиции во државата, било на централно или на локално ниво.
Само вие сликајте се. Ќе се сликате и на избори“, порача Куновска.






