Лицемерно е Радмила Шекеринска да зборува за грешките на ВМРО-ДПМНЕ како Скопје 2014 затоа што таа пречекувала гости и се забавувала во објект од овој проект како сопруга на организатор на настан, вели некогашниот прв човек на скопското СДСМ Софија Куновска.
„Шекеринска да раскажува за згрешени инвестиции во врби, Скопје 2014 и Субрата Рој а во исто време да заборава дека се журкаше како домаќинка на Дајнерс ивент во објект на Скопје 2014 е повеќе од безобразлук и лицемерие.
Што е многу, многу е“, вели Куновска, која беше елиминирана од раководството на СДСМ по доаѓањето на Заев и на Шекеринска во врвот на партијата.





