Актерката и поранешна пратеничка од СДСМ ја обвини Владата за популизам по вчерашното демонтирање на железната ограда на зградата на владата на „Илинденска“ како и за расипничко трошење на парите на граѓаните.



„Ќе ги оставеле столбовите од оградата на владата…
Аман, до кога ќе си играте држава?

Зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите?
Анализиравте, анализиравте, анализиравте и ова ли го смисливте?

Немате ниту идеја, ниту храброст, напиша Куновска на Фејсбук.

Според неа ова не е начин да се демонстрира штедливост:
„Тоа дека сте штедливи на друг да му го објаснувате. Само со платите на советниците и националните координатори кои се шуткаат од прием до прием, од канцаларија до канцаларија и до ден денес немаат откриено што им е работата, можете да ги покриете трошоците за целата зграда на владата да се упристои.
А можевте и со парите за ВЕЧЕР да се послужите. Патетични сте и за жалење“, напиша актерката.