Грчката опозициска Неа демократија е вознемирена од дипломатскиот потег на Турција која го поздрави Преспанскиот договор, но го игнорира зборот „северна“ пред Македонија.



Јоргос Кумуцакос, задолжен за надворешни работи на Неа демократија, предупредува дека по ратификувањето на Преспанскиот договор започнува „тежок период за грчките интереси“, откако турското Министерство за надворешни работи продоллжува да го користи името Македонија за Скопје.

Според Кумуцакос „длабоките проценки на Ципрас и Коѕијас за ставот на Турција“ се „уриваат“, додавајќи дека Анкара „лажно го игнорира“ името „Северна Македонија“.

Кумуцукас смета дека „тесна соработка меѓу Анкара и Скопје веќе се формира во рамките на НАТО”, на сметка на грчките безбедносни приоритети, и се прашува што ќе преземе владата на Заев, пренесува SKAI.Gr.