Кумуцакос се брифираше кај Коѕиас, не кажува што дознал за името

Откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис побара да биде избрифиран од премиерот, а не од министерот, со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас се сретна одговорниот за надворешна политика во партијата, Јоргос Кумуцакос.



Нешто помалку од два и пол часа траеше средбата јавува дописничката на МИА од Атина, по која одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Кумуцакос изјави:

„Имавме опширен разговор за кој ќе го известам претседателот на партијата“.

Ова беше последна средба со која заврши циклусот брифирање на грчките партии од страна на министерот за надворешни работи околу разговорите за името.

Во понеделникот и министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името.

Грчки медиуми најавија дека на 12 април ќе има средба на министрите Димитров и Козијас во Охрид.