Кумуцакос: Преговорите за името се во ќорсокак

Грчката Влада не ги известила политичките партии за текот на разговорите за името, обвинува одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за грчкиот весник „Елефтерос типос“.



Според него, во разговорите само се потврдува ќорсокакот.

„Од она што можеме да го знаеме, се покажува дека има сериозна компликација. Во суштина, посетата на Коѕијас на соседната земја почна и заврши со слетувањето на аеродромот во Скопје. Покрај тоа, лошата и површна јавна изјава на премиерот од Брисел за конкретно име го ‘заклучи’ ќорсокакот, што се покажа за време на посетата на Коѕијас“, вели Кумуцакос во интервјуто за „Елефтерос типос“.