Кумашинот на Заев тврди дека СДСМ одамна не е партија на Македонците

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во интервју за албанската телевизија Еуроњус Албанија изјавил дека од 2016 година Социјалдемократскиот сојуз веќе не е партија на Македонците.



Овој став предходно го објави и претседателот на СДСМ Заев кој е и негов кум.

“Од 2016 година СДСМ не е партија на Македонците, таа е партија на сите граѓани, таа е граѓанска партија” , рекол Зеќири пренесуваат повеќе медиуми.

Според Зекири Законот за јазиците, односно Законот за употреба на албанскиот јазик не го донесол Али Ахмети и ДУИ туку дека него го донесол СДСМ а Зоран Заев бил тој кој што со голем фанатизам го бранел законот.