Обвинетите за настаните во „ Диво насеље“ денеска побараа меѓународна истрага.
На денешната седница на апелациониот суд рекоа дека не го признаваат судот, а некои обвинетите ги навредуваа судиите бараа да зборуваат албански бидејќи според нив „судиите се дојденци, а земјата е Албанија“.
Припадниците на „Кумановската група“ побараа да дојдат сите сведоци кои ги предложиле, меѓу нив и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ѓорге Иванов, Али Ахмети, Муса Џафери, а бараат и да се објават видео-снимките од 9 и 10 мај од борбите снимени од камерите на специјалните полициски сили, а кои снимки ги поседува судот.
Седницата на Апелација ќе продолжи утре.
Судот во 2017 осуди на доживотен затвор седум луѓе, а 13 луѓе беа осудени на казни по 40 години во затвор, шест на 20 години, еден на 18 и по двајца на 14, односно 13 години затвор за Диво насеље.




