Куманово за два дена треба да го одбележи 601-от роденден од своето постоење, но годинава
Поради коронавирусот ќе изостанат традиционалниот музички концерт, украсување и огномет на плоштадот во Куманово.
Според градоначалникот Максим Димитриевски, тие средства, заедно со парите предвидени за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за да се купат таблети за учениците.
„Оваа година решивме средствата кои се предвидени за организација на концертот и средства за новогодишното украсување и огноментот да ги преманениме, и дадов предлог во ребалансот на буџетот до советот да се пренаменат за обезбедување набавка на таблети и друга опрема која ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина“, изјави Димитриевски.




