„Бараме од Владата да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење“.
Ова е еден од заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување на седницата одржана вчера.
Во Куманово, Тетово и Прилеп од денеска е во сила мерка која предвидува носење на заштитни маски за сите граѓани и обавезно почитување на растоијание со други лица, како и излегување и движење на само еден член од семејствотово за набавка на прехранбени производи и лекови…





