Кумановката Елена Доцевска Божиновска која беше под тортура од СДСМ и ДУИ денеска во јавен коментар го урниса Груевски.
Доцевска Божиновска која за случајот 27 април педесет дена беше во притвор а потоа Судот за човекови права во Стразбур пресуди дека била неоправдано гонета смета дека човек како Груевски кој си ги оставил најблиските и најлојални соработници на цедило ќе го остави и сопствениот народ.
На кумановката и пречи што Груевски од безбедно мудрува на Фејсбук додека негови блиски се мачат низ судови и во затвори.
,,ПРАШАЊЕ: Што мислиш за актуелната преписка?
ОДГОВОР: Не мислам ништо за луѓе што си ги оставаат најблиските соработници на цедило, по затвори и судски лавиринти, а тие се спасуваат и ‘спасени’ и раскомотени мудруваат со ‘чаршафи’ по социјални мрежи.
Немам дилема дека тој што си ги остава најблиските и најлојални соработници на цедило за свој спас и комодитет, на цедило би си го оставил и сопствениот народ.
Вистински лидер се води по “NEMO RESIDEO” и НИКОГАШ НЕ ОСТАВА СВОИ СОБОРЦИ ВО РАЦЕТЕ НА НЕПРИЈАТЕЛОТ”, пишува Доцевска Божиновска за преписката што ја води Груевски со својата некогашна партија.
По пресудата од Стразбур таа изјави дека ќе лежи 20 години в затвор но Македонија не ја предава.






