65 годишен Кумановец им подлегнал на повредите откако со нож бил нападнат од неговиот 40 годишен син.
„Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите“, информираа денеска од СВР Куманово.
Вчера на улица Рузвелтова 40 годишник со нож ги нападнал и ги убил сопствената мајка на 60 и баба на 80 години.







