Кумановец ноќеска по полноќ прегазил полицајци со мерцедес, при што побегнал па удрил во друго возило и повредил уште две други лица. Едниот полицаец починал на лице место, а другиот се бори за живот на Скопските клиники.



Првата сообраќајка се случила ноќеска во 00,45 часот на регионален пат Куманово Свети Николе, кога С.Ј.(40) со моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, удрило во полициските службеници В.Ц. (37) и А.М. (25).

Првиот починал на самото место, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  

С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово – Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34). Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј.(42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.