Ако едно кумановско домаќинство досега месечно плаќало 2.500 денари, сега ќе треба да плаќа над 8.000 денари, покажуваат пресметките по зголемувањето на цената на гасот за 230 проценти од страна на јавното претпријатие.



Цената на гасот од 30 денари за метар кубен е покачена на 80 денари, што натера многумина да се откажат од овој енергенс.

Освен приватните корисници, услугата ја откажале и повеќе правни лица, а болницата распишала тендер за снабдување со гас, но, во меѓувреме го повлекла, информираше новиот директор на Куманово Гас, Марко Митровскиз за „Телма“.

Митровски вели дека цената морале да ја покачат бидејќи од снабдувачот им било кажано дека набавна цена е покачена…