Кума на Боки 13, претседател на скопска Апелација

Судскиот совет ја назначи судијката Мери Дика Георгиевска, за претседателка на Апелацискиот суд Скопје.



Дика Георгиевска од февруари годинава ја извршуваше функцијата како вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје.

Судијката Мери Дика-Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13.

Таа беше и еден од сведоците во овој случај во кој и се судеше и на поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, потсетува Плусинфо