Кулминира судирот Спасовски – Димитриевски, “елиминација” на кадрите на бунтовниот градоначалник

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска се елиминирани од кандидатурата за нови членови на Централниот одбор на СДСМ, дознава порталот кумановскимуабети.мк близок на градоначалникот Димитриевски од внатрепартиски извори.



“Од внатрепартиски извори од СДСМ Куманово дознаваме дека денеска на општинска конференција при гласање за нови кандидати се елиминирани и истакнати луѓе од партијата блиски до Димитриевски и Мургашанска.

Како што вели нашиот извор, поминале повеќе предлози меѓy кои Оливер Спасовски (актуелен министер на МВР), Мартин Костовски и Лидија Тасевска (актуелни пратеници во Собрание на РСМ) и други кандидати блиски до Спасовски и Костовски.

На самата конференција имало жестока дебата помеѓу делегатите со низа нерегуларности спротивни на статутот и деловникот, одземање и прекинување на збор, недозволување на реплики, а дури се зборува дека и градоначалникот Димитриевски во неколку наврати бил прекинат од страна на претседавачот на конференцијата по што истиот обвинил за недостаток на демократски капацитет на актуелното раководство и ја напуштил седницата која се одржувала онлајн”, пишува локалниот медиум за судирот во СДСМ Куманово.

Димитриевски од лани во мај влезе во конфликт со крилото на Спасовски во СДСМ.

Повеќе на овој линк