Поранешниот координатор за вакцинација и директор на Институтот за јавно здравје во поранешна Југославија, Примариус Др. Фахрудин Куленовиќ за Ал Џезира изразува разочарување од реагирањето на властите во БиХ во сегашната пандемија.



„Ова ја покажа целата мизерија во која живееме. Фајзер едвај знае кои сме. Верувам дека директорите на Фајзер мора добро да го свртат земјината топка за да видат каде е БиХ…“.

Куленовиќ, кој беше во тимот експерти кои требаше да организираат вакцинација за време на епидемијата на големи сипаници во Југославија во 1970-тите вели дека 18 милиони луѓе биле вакцинирани без никаков проблем за два месеци.

„Никој не одеше да зборува за тоа во медиумите, беше споменувано во весниците, но како концизни, кратки статички податоци.

СЗО призна дека го сторивме тоа во рекордно време и на совршен начин. Сето тоа го сторивме во тишина.

Сега се треска на сите страни, телевизорите блебетаат за тоа. Претходно, не беше можно некој од владата да излезе и да зборува за респиратори и за вакцини.

Професијата го стори сето тоа, немаше никаква пропаганда “, раскажува Куленовиќ за Ал Џезира.