Кулеба: Дури и да ни снема оружје, ќе се бориме со лопати!

Украинската армија ќе се бори со лопати доколку западните земји престанат да го снабдуваат Киев со оружје и муниција, порача министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Еј-Би-Си њуз.



„Дури и да ни снема оружје, ќе се бориме со лопати, бидејќи постоењето на нацијата е во прашање за Украина“, објасни тој.

Кулеба исто така изјави дека Киев нема намера да преговара со Москва додека украинските вооружени сили не заземат „посилна позиција на бојното поле“.

Претходно, Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, изјави дека САД ја прекинале испораката на оружје и воена опрема за Украина поради недостиг од буџетски средства за таа намена.