Судечкиот совет не го прифати барањето на обвинителката Гордана Смаќоска која по изрекувањето на пресудите на обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ побара изрекувње мерка активен притвор.
Судијата Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.
Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.
„…ваквата мерка е доволна за обезбедување на обвинетиот до правосилност на постапката или поинаква одлука на судот. Судот донесе решение по однос на предлогот за мерка притвор за останатите обвинети, тој делумно да се уважи. Спрема обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски се определува мерка куќен притвор до правосилност на пресудата. Забрана имаат за напуштање на местото каде ќе се издржува мерката куќен притвор. Има забрана за употреба на уреди за комуникација со лица. Ако не ги почитуваат мерките, ќе се определи притвор“, рече Илија Трпков.







