Словачкиот европратеникоЕдуард Кукан смета дека решението за прашањето за името на Македонија може да се случи пред одржувањето на Европски совет во јуни.
„Решението за спорот на името на Македонија може да дојде пред Европски совет во јуни, кога лидерите ќе ја разгледуваат препораката за почеток на преговори за присоединување со Скопје“, изјави тој за Бугарско национално радио (БНР).
„Го сметам за важен фактот дека извештајот на Европска комисија за Србија беше позитивен“, додава претседателот на делегацијата на парламентарната комисија за стабилизирае и асоцирање ЕУ-Србија.
„Кај Косово оценката е покритична, но, сепак, ја охрабрува Приштина. Таму се потроши непотребно многу време за ратификација на спогодбата за демаркација на граничната линија со Црна Гора. Имаше обиди со солзавец да биде спречена седницата на Парламентот и тоа беше многу лош сигнал. Косово треба да направи уште многу за да покаже дека земјата е подготвена да биде дел од Европска унија“, смета Кукан.




