За потегнувањето за коса на тогашната пратеничка Радмила Шекеринска, 70-годишниот „терорист“ Панче Ангелов кој влезе во Собранието на 27 Април доби 4 години затвор.
За прегазување на двегодишно дете со смртни последици денеска скопјанецот Шукри Зеќири доби 2,3 години затвор.
Овие два судски епилози композиторката Дарија Андовска ја мотивираа да напише краток пост кој во само четири реченица ја раскажува македонската (не)правда диригирана од актуелните македонски власти.
,,2 години затвор за прегазено дете.
4 години затвор за кубење Рада.
0 години затвор за криминалците кои ја осакатија Македонија.
За нив – фотелји и привилегии”, пишува Андовска.
21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска, во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а потоа побегна од местото на несреќата.
Зекири пред судот изјави дека се кае, дека не може да спие и дека избегал затоа што се плашел дека ќе биде тепан.
Со оглед на околностите во кои Зеќири сигурно не скала да го згази детето тој добива релативно реална казна но останува горниот вкус дека под политички притисок за кубење на косата на Шеќеринска Ангелов доби драконска казна.






