Кубанските здравствени власти соопштија дека развиле вакцина, која се дава во три дози и која покажала како 92,28% ефикаснос против коронавирусот.
Соопштението за вакцината со име „Абадла“ дојде само неколку дена откако владата соопшти дека друга домашна вакцина „Соберана 2“ се покажала 62% ефикасна со само две од своите три дози, објави Ројтерс.
„Под удар од пандемијата, нашите научници од Институтот Финлеј и Центарот за генетско инженерство и биотехнологија ги премостија сите препреки и ни дадоа две многу ефикасни вакцини“, твитна претседателот Мигел Дијаз-Канел.
Двете вакцини се очекува наскоро да добијат овластување за итни случаи од страна на локалните регулатори.
Куба, чиј биотехнолошки сектор извезуваше вакцини со децении, има пет кандидати за вакцини против коронавирус.







