Ако соло патувањето некогаш се сметаше за храбро и ризично за жените туристи, денеска на тоа се повеќе се гледа како на авантуристичко и возбудливо искуство за жените.
Куба е дестинација што се чини дека е најпривлечна за госпоѓи кои се одлучуваат сами да патуваат, покажува платформата за онлајн резерваци, Hostelworld.
Според податоците за 42 насто се зголемени соло резервациите помеѓу 2015 и 2017 година, при што кај женитго туристки тоа зголемување е за 45 наспроти 40 насто кај мажите.
Хавана, е најпосакувана дестинација, додека Куба важи за земја која бележи најголема навала на жени ки сами патуваат.
Бројот на самостојни резервации само во Куба, се зголеми за 371 отсто од 2016 до 2017.
Во првите десет земји каде жените се одлучуваат сами да патуваат е и Македонија која е рангирана на 7 место.
Другите, според посетеноста од „соло“ туристки се: Никарагва , Јужна Африка,. Бугарија, Гватемала, Шри Ланка, Португалија, Танзанија и на 10 место е Романија.
“Убаво е што луѓето и жените особено ги прифаќаат соло патувањата”, вели Breffni Horgan, директор на продукт,
„Соло патувањето не значи осаменост и не треба да биде пречка за оние кои сакаат да го истражуваат светот . Тоа е одличен начин да се да се сретнат со истомисленици од сите култури и сфери на животот“ вели Брефни Хорган, директор на Hostelworld, пренесува Lonely Planet.




