Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го прекина денешниот протестот пред Собранието поради, како што велат, притисоци врз членството, јави „Радио Слободна Европа“ (РСЕ).
Претседателот на синдикатот Благоја Ралповски изјави дека членовите на синдикатот се соочуваат со големи притисоци и закани дека може да ги изгубат работните места.
На најавениот собир пред протестот во Жена парк во центарот на градот се појавија околу стотина административни работници без транспаренти.
Ралповски реќе дека на вонреден состанок во синдикатот денеска ќе се одлучува за следните мерки, односно дали ќе се одржат најавените секојдневни едночасовни протести.
Претходно КСС најавија дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.







