„КСОМ“: Не фаворизираме синдикати, мора да се обединиме – ќе учествуваме на протестите и на „ССМ“ и на „КСС“

Синдикатите во Македонија мора да се обединат и да настапат сите заедно, за конечно еднаш за секогаш да се чује гласот на работникот, алармираат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Велат дека само сплотени може да постигат резултат, зашто сплотената власт, како што велат, веќе не бира ни механизми, ни зборови, и свесно го тишти и онака осиромашениот граѓанин. В понеделник ќе изразиме незадоволство од ниските плати, сиромаштијата и непочитувањето на работничките права, кои од ден во ден стануваат се позагорзени и обесправени, велат синдикатите.



Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) задутре на Денот на трудот – 1 Мај ќе учествува и на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 10 часот, и на протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија од 12 часот. Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, денеска порача дека тоа го прават бидејќи сега не е време за поделби.

Ние не сакаме за Први мај да заземеме страна, да поддржиме еден синдикат или другиот на протестите, оставаме сите членови и граѓани да се приклучат секој доброволно каде што мисли согласно слободното време, рече Ристески, додавајќи дека тој лично ќе присуствува и на двата синикални протести.

Тој додаде дека овој пат нема да се дозволи да се потпише колективен договор каде што одреден број на работници ќе добиваат К-15, а одреден број нема да добие.

Во пресрет на првомајските протести, собири ќе имаат и КСС и ССМ, едните од 10, а другите од 12 часот. КСОМ им се придружува на двата, со цел да се чује нивниот глас.

И додека функционерите си лапнаа по 2.000 евра плата, работниците штрајкуваат за 2.000 денари повисока плата, што добар дел не ги добија, реагираат синдикатите. Одма после првомајските празници, ќе седнат на маса сите синдикати и ќе видат што натаму.

Работничките права во другите држави се на многу повисоко ниво. Работниците, веќе и не знаат што потпишуваат, само за да се прехранат, а газдите се тука само тоа да го искористуваат и злоупотребуваат.

Од Сојузот на синдкатите на Македонија на Денот на трудот – ќе настапат под мотото „Работниците се државата“. Сметаат дека покачувањето на функционерските плати за 78%, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, како и непотпишувањето на општиот колективен договор за јавен сектор, се доволен мотив да се излезе на улица и да се изрази незадоволството.

На масовен протест се очекува да излезат и Конфедерација на слободни синдикати, останатите синдикати, невладини организации и здруженија. Сите поради лошиот однос на власта и немањето на слух за егзистенцијалните потреби на работниците.