Кси Џипинг: Тајван ќе се обедини со Кина

Кинескиот претседател Кси Џипинг вели дека никој не може да го промени фактот дека Тајван е „дел од Кина“, додавајќи дека Пекинг нема да се откаже од употреба и на воена сила како опција за „повторно обединување“.



„Ние сме цврсто против оние кои заговараат идеологија на „дветКини “, или зборуваат за „Една Кина-еден Тајван“ и „независен Тајван”, рече Џипинг.

Никој и ниту една партија не можат да го сменат историскиот и легитимниот факт дека Тајван е дел од Кина и дека двете страни од теснецот припаѓаат на Кина, рече кинескиот претседател и го повика народот да го прифатитоа.

Кина „ја задржува можноста да ги преземе сите неопходни мерки“ против надворешните сили кои се мешаат во мирното обединување, додаде тој.

Тајван, односно Република Кина, е одвоена од комунистичка Кина уште од граѓанската војна во Кина во 1949 година и до 1971 година беше легитимен претставник на Кина во Обединетите нации.