„Се потрошија 12 милиони евра за фингерпринт систем и повторно ќе има спорни гласови“, кажа Александар Кржаловски, политички аналитичар и извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка вечерва во „Отвореното студио“ на РВ 21.мк.
„Ме загрижува тоа што ова е авантура, а целиот систем чини 15 милиони евра. Се дадоа 12 милиони евра за ваква работа, која повторно е спорна. Да се избегне регуларност. Но, и сега ќе има нерегуларност, затоа што има лица што гласаа без финтерпринт, не поминаа низ тој систем. И сега тие гласови ќе одлучуваат, можеби и тие се спорни“ – рече Кржаловски.




