Во салон на компанијата Техномаркет крвнички е претепан продавач.
Во инцидентот кој се случил во еден од дуќаните на Техномаркет во центарот на Скопје едно лице е потешко повредено од страна на две лица кои најпрвин со боксови а потоа и со клоци го тепаат продавачот за кој нема информација дали е во животнозагрозувачка состојба.
Порталот Курир објави дека напаѓачите се од Сарај.
На видеото од безбедносните камери се гледа дека колега и колешка на претепаниот се обидуваат да го спречат насилството при што настрада и мажот што се обидува да ги спречи напаѓачите во претепувањето.
Видеото на линкот на Курир
https://kurir.mk/vesti/hronika/video-napagjachi-pretepuvaat-vraboten-na-tehnomarket-srede-skopje/






