Еден полицаец е убиен, а друг е повреден синоќа во уличните немири во Калифорнија синоќа, јави Си-ен-ен.
Најмалку 7.500 демонстранти учествуваа во немирите предизвикани од насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд во понеделникот за време на полициската интервенција во Минеаполис.
Насилни протести се одржаа во многу градови низ целата земја, имаше судири со полицијата и апсење на десетици учесници.
За време на протестот синоќа во Детроит, беше застрелано момче кога бил отворен оган врз луѓето кои протестираа од непознати лица во џип, соопшти портпаролката на полицијата во Детроит, Никол Кирквуд.




