На социјалните мрежи се шири „совет“ до тие што на изборите ќе го заокружат ВМРО-ДПМНЕ да го чкртнат „Северна“ на ливчето, но тогаш тоа е неважечко!
За ова реагира лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
„Овде има две лоши работи и загрижувачки. Првата, го потценуваат својот народ со тоа што даваат вакви инструкции, затоа што точно знае народот дека ако постапат според оваа инструкција ливчето ќе биде неважечко. Навистина не можам да ги разберам со каква леснотија тоа го прават, бидејќи и јас ја добив оваа информација во текот на денот и навистина не можам да разберам како може политичари кои што пледираат да освојат власт на овој начин да го потценуваат својот народ преку т.н. нивни активисти на социјалните медиуми, со летоци, да се обидат практично да направат една маса на неважечки ливчиња кои што би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, односно за коалицијата ‘Обнова за Македонија’. Навистина сум изненаден од овој потценувачки однос. Точно знаат граѓаните како да постапат. И второ, очигледно станува збор за голем страв и паника во редовите на СДСМ, па се обидуваат на ваков начин“, рече тој.






