Бродот за крстарење се закотви во Сиднеј, а на него имало околу 800 луѓе, од кои повеќето биле позитивни на корона вирусот, соопшти компанијата „Карневал Австралија“, пренесува Ројтерс.
Австралиската министерка за надворешни работи, Клер О’Нил, денеска објави дека протоколите за ковид се соодветни.
Здравствените власти на државата Нов Јужен Велс објавија дека е на сила заканата од „трето ниво“, односно постои висок ризик од зараза.







