„Крстот е безбеден“: Ангелов благодарен на Албанците за слабиот одзив на протестот за крстот на Шапка

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, им се заблагодари на Албанците за беззначајната поддршка на денешниот протест за уривање на православниот крст поставен во рамките на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотоворец“ на Попова Шапка.



„КРСТОТ Е БЕЗБЕДЕН, БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ

На за денес најавениот протест против крстот на Попова Шапка не се појавил безмалку никој. Благодарност до нашите сограѓани Албанци кои не дадоа поддршка на рушењето на крстот и покажаа почит кон нашите верски чувства.

Најдобро за државата, најдобро за Македонија, најдобро за Македонците, Албанците и сите останати граѓани би било кога во претстојната политичка битка не би се злоупотребувале верските чувства и меѓуетничките односи.

Го повикувам градоначалникот на Општина Тетово да го поништи провокативното и незаконско решение за отстранување на крстот“, порача на Твитер лидерот на партијата Достоинство.