Тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои се обвинети за тероризам а гласаа за промена на уставот како и нивните колеги Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски се амнестирани од кривичните дела за кои се гонеа.
Освен петте обвинети за тероризам амнестија добија и Трајко Вељаноски, експретседателот на Собранието, членови на неговиот кабинет Елена Доцевска – Божиновска и Иван Цветановски, соработник на Александар Василевски-Нинџа, Захарије Симовски, браќата Стефан Младеновски и Михаил Младеновски.
Амнестиран е и Митре Питроповски кој носел фантомка но не направил насилство исто како и Илија Славевски со кого се во притвор од каде веднаш излегуваат.
Имињата на 12-мината амнестирани ги наброја претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев на телевизијата 24 вести.
Од денеска се очекуваат мислењата и за другите обвинети од вкупно 37 кои побарале амнестија
Освен Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ кои правдата ќе ја бараат низ судски процес сите останати обвинети побарале амнестија.





