Режисерот Јани Бојаџи раскажува една кратка историја по идеализам, посветеност и чесност!
Тој прави паралела меѓу двајца Крстовци, едниот Крсто Асенов, херој, комита и член на ТМРО и другиот, Крсто Мукоски, член на ВМРО-ДПМНЕ и човек што крена два прсти за промена на уставното име.
“Војводата на ТМРО Крсто Асенов, инаку бугарин по род, после завршувањето на аферата Мис Стон, му се паднала тешката задача парите земени од откупот сам да треба на мазга да ги пренесе од Македонија во Бугарија, поточно во Софија.
Да не забораваме, тогаш тоа била најобезбедуваната граница на Отоманската империја.
И така, војводата Крсто Асенов, само тој знаел како, жив и здрав, со се парите во денешна вредност од околу 1 милион долари, по една недела стасал во Софија и ги разделил според списокот што му бил даден од организацијата.
Откако завршил се, вечерта отишол кај сестра му да преспие. Сабајлето, станал рано, земал од зетот 10 лева на заем, си купил билет за воз и си отишол дома! И покрај тоа што кај себе си со денови имал купишта турски и американски златници, не посегнал по ниту еден!
Ете, тоа е! Што знаеме ние денес за него?
Ништо. Каде му е споменикот? Никаде. А тој човек и неговото дело треба да се изучуваат во детските градинки како пример за морал и етика!
Значи, да резимираме: има Крсто и Крсто! За многу години празникот, напиша Бојаџи на празникот на ВМРО!





