Крстевска: Скопските клиники не примаат тешки случаи со Ковид19 (ВИДЕО)

Поради исполнетост на капацитетите клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните пациенти заболени од Ковид 19, кои се од другите градови иако дел од нив се наоѓаат и во многу тешка состојба, јавува прилепскиот сајт инфокомпас.мк кој објави изјава на раководител на прилепското инфектолошко одделение



Изјавата е дадена по итен состанок на кризниот штаб во Прилеп, кој се одржал поради тоа што бројот на заболени лица од корона вирус во Прилеп секојдневно рапидно расте. Инфектолозите се пожалиле и на тоа дека немаат доволно персонал, а нема ниту доволно кревети.

„Старосната граница некако ни се повлекува, погоре, значи и помлади хоспитализираме со потешка клиничка слика, за разлика од тоа што има кај постарите потешка клиничка слика. Значи не ни ги примаат во Скопје потешките и оние со многу коморбидитети и затоа се најдуваме во една незавидна ситуација во однос на лекувањето.

Тешките пациенти треба да ги праќаме на Инфективна клиника, меѓутоа тие не ги примаат затоа што и тие се преполни. И тие имаат преполни капацитети и тешките пациенти остануваат да бидат третирани кај нас.

Немаме респиратор, но и на Инфективна клиника и секаде на друго место престанаа да ги ставаат на респиратор. Имаат некои други сип-ап маски, кои ние ги немаме, а тие ги имаат, така да обично ни ги примаат само помладите пациенти.

Ни треба персонал кој што не можеме да го најдеме. Во оваа ситуација кога имаме зголемен број на позитивни и зголемен број на хоспитализирани, нормално дека треба повеќе персонал, кој тешко се најдува“, истакнала завчера Мирјана Крстеска, раководител на инфективно одделение Прилеп.

Повеќе информации на овој ЛИНК