Кризниот штаб во Куманово бара затворање на градот!

Општинскиот кризен штаб на Куманово бара воведување карантин, информираше денеска на прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.



-Предлагаме 14-дневен контролиран карантин во Куманово и воведување кризна состојба на територијата на општината, затворање на влезовите и излезите во градот, олеснувања само на лица кои вршат професионални задачи кои со посебна дозвола би го напуштале и би се враќале во градот под посебни услови, рече  Димитриевски на прес-конференцијата.

Куманово денеска има нови 23 позитивни случаи на коронавирус и двајца починати или вкупно досега 224 позитивни лица  и 12 починати, информираше Димитриевски.