Кризна состојба за снабдување со струја до – јуни

Одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја за дополнителни 6 месеци, односно до 9  јуни, донесе Владата на денешната седница.



Предлог-одлуката ќе биде доставена на усвојување до Собранието.

„Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението на Владата.

Претходно, на 9 ноември беше донесена одлука за воведување кризна состојба во траење од 30 дена заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.