Криза во владата на Курц , вицепремиерот фатен во “руска афера”

Австрискиот вице канцелар односно заменик на канцеларот Курц даде оставка со што владата во Виена се најде во сложена ситуација во пресрет на изборите за Европарламентот.



Хајнц Кристијан Штрахе заминува откако беше објавено видео во кое се гледа и слуша како тој преговара со руски тајкуни за нелегални финансиски трансакции кои вклучуваат и купувањр медиуми.

Штрахе е лидер на втората најсилна австриска ктајно десничарска Партија на слободата и со негово заминување неизвесна е иднината на десната австриска влада на Курц.