Во Алијанса за Албанците се случува сериозна политичка криза тврдат членови на поширокото партиско раководство кои не исклучуваат дека партијата може да се подели.
Тие тврдат дека последните напади врз ДУИ од врвот на партијата кои се оркестирани од групата под контрола на Таравари не се прифатени од сите членови на раководството и сите пратеници на Алијансата за Албанците.
Изворите на expres.mk тврдат дека голем дел од раководството не е под целосна контрола на лидерот Таравари.
Според нив планот на Таравари е да седи во владата до по нова година по што би излегол од владата и би почнал жестока кампања против ДУИ како почеток на самостојна кампања на парламентарните избори.
Со ова според упатени членови не се согласуваат дел од раководството кои веќе воспоставиле блиски релации со ДУИ од каде добиваат информации дека Ахмети има договор со Мицкоски ДУИ повторно да биде дел од владата.
На најголемиот дел од раководството во партијата им е јасно дека ДУИ ги манипулира овие луѓе и дека шансата Ахмети да биде во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ е никаква но не исклучуваат дека луѓето кои избегнуваат војна со ДУИ имаат лични финансиски интереси и веќе се вплеткани во бизнисите кои ги водат Ахмети и Груби на различни нивоа во владините институции.
Дел од овие луѓе кои не сакаат да излезат од владата и додека АА беше во опозиција соработувале со ДУИ на бизнис основа.
Посебен проблем за Таравари е групата која се уште му се колне на верност на екс лидерот Села со која сега има привремено примирје но познавајќи го карактерот на Села, Таравари треба да очекува потег на неговиот претходник кој не е задоволен што Алијанса по следните избори нема да може да влезе во влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ.
Алијанса веќе не е втора партија во албанскиот блок затоа што на последните неколку анкети БЕСА има тренд што речиси сигурно со Алтернатива и Изет Меџити им дава можност да бидат примени во владата на Мицкоски за кој веќе е јасно дека ќе биде идниот мандатар.
Со проценките врз основа на анкетите дека Алијанса со ваква поставеност може да освои еден до три пратеници јасно е дека Таравари сигурно останува во опозиција по следните избори ако не се приклучи на ДУИ или БЕСА.






