Криза! Но, не и за банкарите…

Првото тримесечје од годинава македонскиот банкарски сектор го завршил со добивка по оданочување од 42,7 милиони евра, објави порталот „Пари.



Тоа е за околу 10 милиони евра повеќе во однос на ланската добивка за истиот период кога банкарскиот сектор профитирал со 32,2 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка.

Податоците покажуваат подобар успех во работењето, така што се собрани повеќе пари и од провизии и од камати.

Во првиот квартал 2021 година од камати се собрани 73,8 милиони евра, а во 2022 година – 76,7 милини евра. Солидна сума донеле и провизии и надоместоци: во 2021 година се реализирани 33,1 милион евра, а годинава 36,4 милиони евра.

Повеќе