Кривичниот законик е сменет за екс функционер на СДСМ кој упатил закана дека ќе каже сѐ ако оди в затвор, тврди скопскиот адвокат Александар Тортевски кој е член на колективното раководство на малата вонпарламентарна партија Твоја.
,,Еден поранешен висок владин функционер од СДСМ јавно се закани дека ако оди во затвор се’ ќе кажел. Измениве на Кривичниот закон со ЕУ знаменце се носат за тоа”, вели адвокатот кој е упатен во политичкиот живот на Македонија.
Повеќе екс функционери на СДСМ во моментов се соочуваат со затворски казни за делата кои се ублажени со промената на КЗ и други дела, меѓу нив се двајцата екс генерални секретари на владата Драги Рашковски и Мухамед Зекири кој беше и потпретседател на СДСМ.
Тортевски вели дека нема логика да се ублажат казните од Кривичниот законик кога кромделата за кои се менува се се почести.
,,Во кривичното право постои правило. Казните се зголемуваат секогаш кога одреден вид криминал станува се’ позачестен. На тој начин државата го штити објектот на заштита”, вели искусниот кривичар.
Преходно извори во владата изјавиле дека промената на КЗ е за да се спасат Никола Груевски и негови соработници.






