Забавите во Градиште за кои се споделуваа видеа и фотки на социјалните мрежи, сепак ќе бидат санкционирани.



Од Пазарниот инспекторат- Охрид велат дека ќе следуваат санкции.

Само петмина пазарни инспектори во Охрид работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, но на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар, дознава „Слободен печат“.

„Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена.

На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три.

На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки”, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.