Кривична пријава за ексдиректорката на Кожна клиника

МВР поднело кривична пријава против директорката на клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.



Таа влегла во земјава на 29 февруари од Италија, а коронавирусот и бил потврден на 8. март, а во меѓувреме не ги почитувала препораките за изолација, и одела на работа, па дури била и на симпозиум.

МВР поднесе нови 12 кривични пријави против граѓани кои не ги почитуваат мерките за самоизолација. 5 лица од Битола, 4 од Прилеп, едно лице од Охрид и двајца кумановци кои пристигнале од ризични земји, потпишале решенија за домашна излоација, но полициските службеници не ги пронашле во нивните домови при контрола.